Партнери
WYŻSZA SZKOŁA BIZNESU I NAUK O ZDROWIU (Полска)
WYŻSZA SZKOŁA BIZNESU I NAUK O ZDROWIU (WSBINOZ) е првата приватна високообразовна институција во централна Полска која нуди здравствени и медицински студии, како и бизнис и педагошки факултети. Тоа е едукативна институција од светски рамки каде владее извонредна атмосфера за обука промовирана од високо компетентни и истакнати специјалисти, практичари и академски наставници за да се гарантира единствената и амбициозна наставна програма, теоретско знаење и практични вештини неопходни за професионалнен развој.
SP11 (Полска)
SP 11 е големо интегративно училиште (интегративни и посебни паралелки) `деца со телесна и интелектуална попреченост. Во училиштето има 20 посебни паралелки за аутизам. Учениците со аутизам исто така одреден дел од денот посетуваат интегрирани часови. Специјално квалификувани наставници и терапевти помагаат да се стекне знаење соодветно на способностите на учениците. Сите деца учат толеранција за различностите, разбирање и почитување на обичаите на другите култури и прифаќање на чувствата на другите луѓе. Како резултат на тоа, децата живеат заедно и ја доживуваат интеграцијата на културните разлики поради имплементацијата на европските проекти.
Amused (Кипар)
A.Mus.Ed е организација која е специјализирана за обука за деца и млади преку музика, драма и танц.
A.Mus.Ed е организација која е специјализирана за обука за деца и млади преку музика, драма и танц. A.Mus.Ed е попладневно училиште кое обезбедува музичка обука за бебиња, мали деца, студенти и возрасни во музички групи и приватни или групни часови по инструменти. Тоа е место кое ги поздравува сите и ги охрабрува луѓето да ги подобрат своите животи преку нивниот однос со уметноста. Во организацијата на часови по музика посетуваат и ученици со посебни потреби со различни попречености. Организацијата е специјализирана и за социјална инклузија и верува дека уметноста може да игра активна улога во помагањето да се отстранат бариерите и слободното изразување и комуникација.
Sina Svetulka (Северна)
"Сина Светулка" е невладина организација која работи на подобрување на квалитетот на животот на лицата со нарушувања од аутистичкиот спектар. Нивните активности се поврзани со подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутизам и нивните семејства, подигање на свеста за потенцијалот на децата и возрасните со нарушувања од спектарот на аутизам преку едукација и директна поддршка на децата и возрасните со аутизам, нивните семејства, професионалци, и пошироката јавност, и вклучување на лицата со аутистичен спектар на нарушувања во сите сфери на општеството.
Escola B1 PE do Rancho e Caldeira (Португалија)
Escola B1 PE do Rancho e Caldeira е образовна институција со теоретски профил од 102 ученици, од предучилишнo до 4-то одделение, и ученици кои доаѓаат од рурални и урбани средини.
Училишната активност има за цел трајно осовременување на дидактичкиот и едукативниот пристап материјализиран во соодветното обезбедување на образовниот простор и интелектуалната ефективност на целиот дидактички тим кој во секое време докажува приемчивост кон образовните потреби на заедницата, ориентација кон ученикот. транспарентност, комуникација, професионалност, законитост, објективност, ефикасност и ефективност, креативност и иновативност, континуиран професионален развој
StandoutEdu (Кипар)
STANDO LTD (STANDOutEdu) е истражувачка и образовна организација со седиште во Кипар, посветена на унапредување на истражувањето и иновациите и одобрен центар за стручно образование и обука акредитиран од страна на Управата за развој на човечки ресурси на Кипар. Организацијата, исто така, ги промовира образовните активности, развојот на професионални и социјални вештини на децата, младите и возрасните за да можат да се прилагодат и ефективно да се интегрираат во динамично општество.