Интелектуални Pезултати

Број на проектот: 2023-1-PL01-KA220-SCH-000155287
autismusic kid hero intellectual outputs

Парнерството ги постигна следните резултати:

AutisMUSIC извештај за актуелната состојба и мапирање на потребите.

Опис:

Водич кој обезбедува систематски пристап за справување со образовните потреби на учениците со аутизам во редовната училишна средина. Спроведува длабинско проучување на тековната состојба, идентификувајќи ги предизвиците и барањата кои им се поставуваат на наставниците. Прирачникот ги прикажува клучните елементи, методи и техники неопходни за ефикасна поддршка на учениците со аутизам во редовните училишта.

AutisMUSIC Алатки

Опис:

Најсовремен комплет алатки кој вклучува AutisMUSIC наставна програма и прирачник за обучувачи на наставници, AutisMUSIC водич за музички интервенции и AutisMUSIC наставни видеа за наставници.

AutisMUSIC комбинирана обука и пилотирање

Опис:

Проектот AutisMUSIC воведува комбиниран пристап за обука, интегрирајќи онлајн и практични инструкции, заедно со пилотирање на програмите со кои се тестира ефикасноста на овој пристап. Овој иновативен метод ги комбинира модулите за дигитално учење заедно со практичните сесии за обука за да ги подготви едукаторите со алаткит и вештини неопходни за спроведување на интервенции преку музика за децата со аутизам во редовните образовни средини.